Елиот стана најмладиот фудбалер кој заиграл за Ливерпул во ЛШ

149

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Харви Елиот вечерва влезе во клупската историја како најмлад фудбалер кој заиграл во стартните 11 во европските купови.

На осминафиналниот меч со Интер во Милано, Елиот почна од првата минута и со тоа со 18 години и 318 дена стана најмладиот играч во историјата на Ливерпул кој стартувал во натпревар од Лигата на шампионите или европските купови.

Претходниот рекордер на Ливерпул беше дефанзивецот Трент Александар-Арнолд кој настапи на 18-годишна возраст и 354 дена на натпреварот со Спартак (М) во 2017 година (1:1).

ПретходноПобедата на Вардар во една фотографија: Работевме многу за ова!
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Без голови во Милано, Адаму го „стресе“ Баерн (ВИДЕО)