Хокеарите на Канада за првпат по 16 години останаа без медал на ЗОИ

292

Репрезентацијата на Канада загуби од Шведска со 0:2 во четвртфиналето на хокеарскиот турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг. Со тоа Канаѓаните ќе останат без медал во хокеј на Олимпијадите за прв пат по 2006 година.

Во 2010 и 2014 година Канаѓаните ги освоија златните медали, а во 2018 година во Пјонгчанг ги земаа бронзените медали.

Во полуфиналето се пласира Шведска која ќе игра со Русија, бранителот на  олимпиското злато, а во другото полуфинале Финска ќе се соочи со Словачка. Словаците направија сензација со тоа што ги елиминираа Американците по подобро изведување на пеналите.

Американците втори олимписки игри по ред се елиминирани во ¼ финале. Во Пјонгчанг од Чешка, а сега од нивните соседи Словачка.

ПретходноРангник: Не гледам причина да му ја одземам капитенската лента на Мегваер
СледноЧави пред дуелот со Наполи: Кандидати сме за трофејот во ЛЕ, но не и фаворити