Дортмунд без Халанд против Ренџерс

108

Борусија Дортмунд утре во рамките на нокаут фазата во Лига Европа ќе се сретне со Глазгов Ренџерс, но на помош ќе го нема најдобриот фудбалер Ерлинг Халанд. Норвежанецот се уште е повреден и ќе мора да го прескокне овој дуел.

Причината е повреда на мускул на ногата која се уште не е заздравена, па тренерот Марко Росе изјави дека не сака да ризикува со него. Исто така екипата ќе биде и без германскиот интернационалец Емре Џан.

Оваа сезона на Халанд никако да ги одбегне повредите. Поради најразлични повреди пропушти 12 натпревари во сите конкуренции. Мечот со Ренџерс ќе му биде трет по ред.

Натпреварот се игра на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд со почеток од 18:45.

ПретходноЛШ: Фирмино и Салах го решија Интер во Милано, Баерн извади реми во Австрија (ВИДЕО)
СледноДвоен успех на Швајцарките во алпска комбинација