Изненадување на Зимските олимписки игри во Пекинг. Хокејарската репрезентација на САД остана без битка за медал. Американците во четвртфиналето беа поразени од Словачка по пенали. Регуларниот дел заврши со 2-2, откако не беа постигнати голови во продолжението, мечот беше реше по пенали.
Јунак на Словачка, беше Чехларик во четвртата серија за пласман во полуфиналето. Оваа репрезентација е прва која влезе во битката за медал во Пеинг.
Со денешниот пораз, САД по третпат во низа на ЗОИ останува без медал во овој спорт, во 2014 година го освоија четвртото место, додека во 2018 година завршија седмопласирани.