Последен меч на домашен терен за Бадел 1862 во ВАБА-лига

121

Македонскиот вицепрвак има уште два меча до крајот на Супер-лигата во ВАБА-лигата. Во историскиот пласман во овој дел од јадранското натпреварување, избраничките на Перо Стамески запишаа една победа, се наоѓаат на последното место на табелата без шанси за пласман во следната рунда.

Но, ова пак не ги демотивира „баделки“, нивната цел е достојано да ја завршат сезоната. Претпоследната средба ја играат на домашен терен, во Скопје денеска (19 часот) гостува екипата на Орлови. Станува збор за противник кој се бори за плеј-офот, па ова ќе биде уште еден тежок дуел за кошаркарите на Бадел 1862.

„Го играме последниот натпревар на домашен терен од Супер лигата против екипата на Орлови, шампионот од Босна и Херцеговина, земја која има исклучителен прогрес во женската кошарка, која беше петта на последното Европско првенство и деновиве обезбеди учество на овогодишното Светско првенство. Искусната и квалитетна екипа Орлови води мртва трка со Војводина 021 за освојување на четвртото место во Супер лигата, со што би обезбедила учество на овогодишниот  Ф4 на лигата, од тие причини очекуваме на натпреварот да настапат крајно мотивирано да дојдат до победа, со што би ги зголемиле шансите за Ф4, но ние секако дека ќе дадеме се од себе како би ја затвориле сезоната со победа на домашен терен  против фаворитот Орлови“, изјави тренерот на Бадел 1862, Перо Стамески. 

Дуелот меѓу Бадел 1862 и Орлови ќе биде директно пренесуван на МТВ.

ПретходноБенјамин Демир и официјално во Вардар
СледноЉУПЧО СЕКУЛОВСКИ ИМАШЕ ПРИЧИНА ЗА ШТО ДА НАЗДРАВИ ЗА СВЕТИ ТРИФУН, СТАНА МИЛИОНЕР И ОСВОИ 1.572.427,00 ДЕНАРИ