Ете, тоа е Џани Алиоски. Попладнево во меч од 21.коло во елитната лига на С. Арабија, меѓусебе силите ги одмерија Ал Ахли и Ал Фајха. Ништо интересно за нас, но само ако не се знае дека за првиот игра Езџјан Алиоски а за вториот Александар Трајковски. Двајца наши клучни играчи во репрезентацијата на Македонија.Натпреварот заврши 1:1, благодарение на голот на Џани од пенал во 90+5.минута. Гостите водеа со 0:1 се до петтата минута од судиското продолжение кога Алиоски беше успешен пеналџија и ги постави конечните 1:1.
За разлика од Алиоски кој го одигра целиот меч за Ал Ахли, Трајковски целиот натпревар го преседе на клупата на Ал Фајха.