УО на РФМ: Инцијатива за проширување на Супер-лигата!

226

Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија денеска имаше состанок на кој беа усвоени неколку клучни предлози во насока на понатамошното функционирање на домашните шампионат, како во машка, така и во женска конкуренција.

Управниот одбор на РФМ денеска ја прифати иницијативата на клубовите за промена на системот на натпреварување, односно предлогот за проширување на Супер лигата. Па така, формирани се посебни тела, комисии, кои ќе ги разгледуваат предлозите и идеите за промена на системот на натпреврување и во младинските категории и во женската Супер лига.

Од друга страна пак годишното собрание на РФМ ќе биде одржано во месец јуни, а дотогаш односно до 15 мај ќе треба формираните тела, комисии, да достават финални верзии околу предлозите. Истите ќе се стават на гласање на собранието. Новост е и формирањето на комисијата која што ќе се бави примарно со салите која ќе има задача заедно со претставници на клубовите да создаде што подобри услови за одигрување на мечевите.

ПретходноМартин Карапалевски: Нексе е одличен тим, ова гостување ќе биде тешко!
СледноСудии за ПМФЛ и ВМФЛ: Грујоски “главен“ на дербито меѓу Работнички и Шкупи