FOTO>twitter.com/europacnfleague
Вечерва се играа и натпревари од Лигата на Конференции на УЕФА. Фенербахче доживеа пораз на домашен терен од Славија Прага со 2:3, па ќе има тешка задача на реваншот во Чешка. Норвешки Бодо/Глимт направи сензација со самиот пласман во нокаут фазата, но продолжи да воодушевува затоа што вечерва славеше со 3:1 на гостувањето кај Селтик.
А српскиот претставник Партизан со 1:0 ја победи Спарта и тоа во Прага. Стрелец на голот е Мениг во 78. минута.
На другите натпревари, Митјиланд – ПАОК 1:0, ПСВ – Макаби Т.А. 1:0, Рапид Виена – Витесе 2:1, Лестер – Рандерс 4:1, Марсеј – Карабах 3:1.