Руската лизгачка Камила Валиева околу која се крена врева поради допинг скандалот потфрли денеска во финалето во поединечна конкуренција на ЗОИ во Пекинг затоа што направи неколку огромни грешки и имаше неколку падови поради што не освои медал.
Со оглед на претходните настапи во тимска конкуренција каде воодушеви со два фантастични потези, досега невидени на ОИ, потоа ги воодушеви судиите во скратената програма, а денешниот настап требаше да биде врвот на ОИ во Пекинг. Меѓутоа потфрли, четири пати падна, а го напушти мразот плачејќи.
Таа и онака беше под силен притисок, се држеше додека можеше но не успеа до крај. Да потсетиме таа прво беше суспендирана, но Арбитражниот суд ја укина суспензијата и дозволи да лизга.
Златото го освои нејзината сонародничка Ана Шчербакова, а среброто и припадна на Александра Трусова, а бронзата замина во рацете на Јапонката Каори Сакамото.
Unfortunately not this kid’s night.
Valieva showing she’s human. #Beijing2022 pic.twitter.com/AkvugZeuIa
— •Min Dhariwal• (@MinDhariwal) February 17, 2022