Квалификациите во натпреварите во скијање во слободен стил, во дисциплината халфпајп, беа нарушени со необична несреќа која му се случи на еден натпреварувач. Имено Финецот Јон Салинен среде маневар успеа да го прегази камерманот и доживеа лош пад. Покрај тоа што ја собори и камерата во преносот на натпреварите на Зимските олимписки игри во Пекинг, останува да се види со какви повреди помина по овој вртоглав пад.
Jon Sallinen já saltou em prédio, em ponte, em precipício e agora em cameraman #OlimpiadasNaGlobo pic.twitter.com/az2beVi6ab
— DiGamer80 (@digamer80) February 17, 2022