Канаѓанките им се реваншираа на Американките и го освоија златото на ЗОИ 2022

75

Женската хокеарска репрезентација на Канада е нов олимписки шампион. Канаѓанките им се реваншираа на Американките за поразот од пред четири години на Игрите во Пјонгчанг и сега успеаја да се закитат со најсјајните медали на ЗОИ.

Утрово во голема борба, Канада славеше со 3:2, а клучна се чини беше првата третина кога Канаѓанките направија предност од 2:0. Два гола за новите олимписки шампионки постигна Мари-Филип Пулен, а третиот беше дело на Сара Нурс. Хилари Најт и Аманда Кесел ги постигнаа головите за САД.

Треба да се потенцира дека Мари-Филип Пулен стана првата хокеарка во историјата кој постигнала голови во четири олимписки финалиња. Претходно таа постигна два гола против селекцијата на САД на Игрите во Ванкувер и Сочи, а во Пјонгчанг исто така постигна гол во финалето против САД.

ПретходноМорис со звукот на сирената за триумф на Денвер над Голден Стејт (ВИДЕО)
СледноЦЕВ доаѓа во инспекција на салите за ЕП во одбојка за јуниорки