КЛ: Селтик во супер форма го чека Бодо, Партизан на „жежок“ терен во Прага

117

Новото УЕФА-натпреварување, Конференциската лига, денеска исто така влегува во фазата на елиминации. Плеј-офот за влез во 1/8-финалето денеска носи 8 интересни дуели во двата вечерни термини.

Во фокусот треба да бидат неколку пресметки меѓу кои се издвојуваат дуелите Лестер – Рандерс, Олимпик Марсеј – Карабах, Спарта (Прага) – Партизан и Селтик – Бодо/Глимт.

Селтик е во одлична форма во Шкотска, нема пораз во последните 17 натпревари и има 9 последователни победи. Бодо/Глимт беше едно од пријатните изненадувања на турнирот, но сега работите се поинакви за нив, зато ашто сезоната во Норвешка заврши пред Нова година и многу од фудбалерите го напуштија клубот.

Лестер изгледа како фаворит против дански Рандерс, а интересно ќе биде да се види како белградски Партизан ќе се снајде на гости во Прага.

ПретходноЈапонија со злато и олимписки рекорд во брзо лизгање на 1000 метри
СледноЛиверпул стравува за Жота, го извртел скочниот зглоб