Напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота заработи повреда на зглобот на вчерашниот прв осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер. Португалецот стартуваше во првиот тим, но на паузата беше заменет од Роберто Фирмино, кој подоцна го отвори резултатот.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по натпреварот објави дека Жота, има отечен скочен зглоб.
„Неговиот скочен зглоб беше отечен, па моравме да го замениме. Се работи за некое превиткување. Можеше да игра и сакаше да продолжи, што е добар знак, но моравме да го замениме. Ќе треба да почекаме“, изјави Клоп.