Македонската репрезентација до 18.години на чело со селекторот Тони Јакимоски предмалку оствари победа на пријателскиот дуел против Малта одигран на комплексот Петар Милошевски во Скопје. Конечниот резултат гласи 3:0, а погодоците за нас ги постигнаа Величковски, Стојанов и Сулејман.
Ова беше вториот од двата планирани тест мечеви против истиот противник во Скопје.