Наполи одигра реми на „Ноу Камп“, Дортмунд се посрамоти на свој терен (видео)

206

Екипата на Наполи одигра 1:1 на гостувањето на „Ноу Камп“ против Барселона во првиот меч од 1/16 финалето на Лигата на Европа. Резултатот го отворија гостите од Неапол со гол на Зелински во 29. минута на асистенција на Елиф Елмас. Барса изедначи во 59. минута откако судијата покажа пенал по играњето со рака на Хуан Хесус во сопствениот шеснаесетник. Првично судијата не сигнализираше но по реакција од ВАР собара отиде да се увери и потоа покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Феран Торес.

Мајсторија на Елмас и асистенција, Наполи води на “Камп Ноу“! (ВИДЕО)

Во финишот на мечот Барса имаше неколку добри шанси, а од најсериозните ударите на Торес и Де Јонг не завршија во мрежата. Елмас играше во 84. минута.

На „Сингал Идуна Парк“ домашната екипа на Борусија Дортмунд доживеа шлаканица во дуелот со Ренџерс. Шкотланѓаните изненадија и победија со 4:2!

По првото полувреме Таверние (пенал) и Морелос донесоа 2:0 за Ренџерс, во 49 минута Лундстрам зголеми на 3:0, три минути подоцна намали Белингам, а три минути по тој гол Загаду си постигна автогол со што Шкотланѓаните отидоа на високи 4:1.

Во финишот Гереиро ги постави конечните 2:4.

Во Молдавија Шериф со 2:0 ја победи Брага и се најде на чекор до осминафиналето, а Зенит изгуби дома од Бетис со 3:2.

ПретходноБајевски: Вардар има цел, таа е враќање во Првата лига!
СледноВалиева потфрли во финалето, златото отиде кај Шчербакова