Неверојатно, лудо, непристојно. Позната е понудата на ПСЖ до Килијан Мбапе тој да остане на “Паркот на принцовите“.
Таа сума е милион евра неделно или на годишно ниво нешто повеќе од 50 милиони евра и тоа нето.
Ако Мбапе ја прифати и потпише нов договор, тој ќе биде најплатениот фудбалер во светот и тоа убедливо.
Инаку познато е дека Реалм Мадрид му нуди на Французинот речиси двојно помалку и тоа 30 милиони евра нето, тука влегуваат и бонусите.
Пребогатите шеици сметаат дека оваа понуда едноставно Мбапе не може да ја одбие.
Понудата важи за петгодишен договор, што значи младиот офанзивец за пет години би земал фантастични 250 милиони евра и тоа нето.