Нема одмор за вардарци: Директ за Хрватска, по пат и селфи со Митревски

948

Македонскиот првак стави крај на својата порази во Лигата на шампиони. По седум кола, конечно дојде до победа, и тоа не било против кого, туку лидерот Монпеље, кој му го нанесе првиот пораз. По оваа средба “црвено-црните” се најдоа во позиција да се борат за петото место на табелата во групата А. Се чини избраниците на Давид Дејвис немаат многу време за славење.

Веќе утре ги чека нов дуел и нов должник. Вардар1961 е гостин на Нексе, тимот кој од Скопје си замина со победа во првото коло во СЕХА лига. На пат кон Хрватска, репрезентативното трио Томовски, Стоилов и Талески се сретна со Никола Митревски, па направија и селфи. Искусниот голман и Порто беа гости на Веспрем, од таму заминаа со бод.

ПретходноСветот го исмева Ван Дајк… дечко Дамфрис не игра од твоја…. (ВИДЕО)
СледноДавид Дејвис: РК Вардар го чека тежок меч во Нашице