Пике: Ако играме како против Наполи можеме да ја освоиме Лига Европа

538

Ветеранот Жерар Пике смета дека екипата на Барселона се претставила одлично против Наполи во ремито 1:1 на првиот меч од 1/16 финалето на Лига Европа. Пике вели дека ако продолжат вака да играат, Барса ќе може до трофејот во ова натпреварување кое никогаш не го освоиле.

Со оваа игра можеме да го освоиме трофејот во Лига Европа. Можевме да го победиме Наполи со 3:1 или 4:1, но испуштивме многу шанси. Сега не успеавме, но чувствувам дека на наредните натпревари ќе бидеме вистинските“, изјави 35-годишниот Шпанец.

Тој не се согласува со свирежите на адреса на Усман Дембеле. За младиот напаѓач ова беше прв меч на „Ноу Камп“ по одлуката да го напушти клубот во јануари.

Тие свирежи не се добри. Разбирам дека фановите се нервозни, но можеа тоа да го направат по натпреварот. За време на натпревар тоа само ни одмага“, изјави Пике.

ПретходноФерари го претстави болидот за новата сезона!
СледноППД Загреб го симна Вардар на седмото место, најави „жестока“ битка во Скопје