По Олимпијакос, Миленкоски и Финикас го „нанижаа“ и ПАО

81

Финикас на Јошко Миленкоски и натаму реди победи против големите фаворити во грчката одбојкарска А1 лига. Синоќа во дербито на 13. коло тимот предводен од нашиот стратег на домашен терен со убедливи 3:0 славеше над моментно второпласираниот тим на табелата Панатинаикос и со тоа се повеќе има се приближи на водечките тимови во лигата.

Финикас веќе има 10 победи со само три порази сезонава со што се израмни со Панатинаикос и Олимпијакос кои имаат три бода предност, само поради подобриот сет-количник. Лидер во грчката А1 лига останува ПАОК, но Финикас на Миленкоски сериозно се приближува до што подобар пласман пред стартот на плеј-офот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЛЕ: Елмас ја напаѓа Барса, Адеми и Ристовски кај Севиља, Николов против Брага
СледноШведска со злато и од ски-крос