ППД Загреб го симна Вардар на седмото место, најави „жестока“ битка во Скопје

297

По комплетирањето на 11. коло во Лигата на шампиони, Вардар падна на седмото место на табелата во групата А. ППД Загреб приреди сензација го совлада Пик Сегед на домашен терен со 26-24. Унгарскиот првак на овој дуел поведе само еднаш, останатиот дел мина во знакот на хрватскиот состав, кој сега има осум бода еден повеќе од „црвено-црните“.

Директната битка за оваа позиција ќе се води во Скопје на 23. овој месец. Првата средба ја добија „плинарите“, но сега Вардар 1961 дефинитивно е поинаков од претходно.

ППД Загреб одлично влезе на средбата против Пик Сегед, поведе со 8-3, на одморот беше 14-10. Унгарскиот првак заигра подобро во вториот дел, но домаќинот успеваше да одржува позитива од еден до два гола. Во 56. минута ППД Загреб дојде на плус три (24-21) со голот на Иван Чупиќ. Избраниците на Ивица Обрван успеаја да ги одбранат нападите и да дојдат до третата победа оваа сезона.

Претходно Кил на гостувањето кај Елверум славеше со 30-31. Токму норвешкиот тим е еден од противниците на македонскиот првак во преостанатите три меча од регуларниот дел од сезоната во ЛШ.

Табелата во групата А на Вардар е следната: Алборг има 16 бода исто колку и Монпеље, следува Кил со 15 бода, Пик Сегед има 14, додека Елверум и ППД Загреб имаат по осум, седми е Вардар со седум бода, додека Мешков Брест има четири бода.

ПретходноПике: Ако играме како против Наполи можеме да ја освоиме Лига Европа
СледноШесткратниот француски првак го најде тренерот кој треба обезбеди опстанок