Ристовски асистент, но Динамо поразен во Севиља, Лацио совладан иако водеше (видео)

200

Вечерва се одиграа уште четири натпревари од 1/16 финалето на Лига Европа, а Динамо Загреб за кого играа Адеми и Ристовски доживеаа пораз со 3:1 на гостувањето кај Севиља, мајсторот за освојување на ова натпреварување.

Севиља поведе со голот на Ракитиќ од пенал во 13. минута но изедначи Оршиќ во 41. минута на асистенција на Ристовски. Но потоа за две минути „модрите“ примија два гола и го загубија дуелот со 3:1. Окампос и Марсијал со својот деби гол ја заверија победата над хрватскиот првак. Динамо можеше и до поволен резултат во финишот но не успеаа во идеална ситуација да реализираат погодок (видео доле).

Лацио имаше водство на гостувањето кај Порто но на крајот загуби. Закањи во 23. минута ги доведе „лацијалите“ во водство, а во 37. минута израмни Мартинез. Во вториот дел истиот играч погоди за победа на Порто од 2:1.

На другите натпревари Аталанта на домашен терен го совлада Олимпијакос со 2:1 иако на полувреме губеше со 0:1.

РБ Лајпциг и Сосиедад одиграа 2:2.

ПретходноБодо/Глимт прави чуда, го освои и Глазгов, а Партизан победи во Прага (видео)
СледноНорвежанец го урна светскиот рекорд на 1500 метри