Со Србија дефинитивно на „Вождовац“, против Фарски на Арената

545

Македонската репрезентација до 21. година своите квалификациски активности ќе ги продолжи следниот месец, кога на 24. март гостуваме кај Србија. Нашиот противник деновиве потврди дека мечот дефинитивно ќе се игра во Белград на стадионот на Вождовац.

Од друга страна пак, пет дена потоа, на 29. март, на домашен терен ја пречекуваме селекцијата на Фарски Острови. Тој пак меч е закажан да се одигра на Арената Тодор Проески со почеток од 18:00 часот.

Македонија по шест одиграни мечеви во овие квалификации има освоено исто толку бодови и е трета на табелата.

 

ПретходноМакедонија силна против Малта
СледноДарио Ивановски е Олимписки стипендист за Париз 2024