Ферари денеска го претстави својот болид за новата сезона во Формула 1. Секако дека тој допрва ќе треба да биде “лансиран“, а тоа најверојатно ќе се случи на патеката “Каталуња“, и тоа следниот викенд.
Болидот е наречен Ф1-75, а за време на промоцијата тука беа возачите Шарл Леклер и Карлос Саинц.
Ферари со оваа промоција речиси сите ги изненади, посебно ако се знае дека “големите“ тимови до последен момент чекаат за да го претстават болидот за сезоната што претстои.
Ина неколку новитети, а прво се забележува дека покрај црвената ќе доминира и црната боја на болидот.
ФОТО: Ferrari