ПСЖ не се откажува од Мбапе иако според многумина неговата приказна на „Паркот на принцовите“ е завршена. Според новинарот Адриен Грениер, освен првите луѓе на ПСЖ, во битката за да се убеди Мбапе да остане во ПСЖ се клучиле и богатите катарски сопственици на клубот, кои од повеќе страни го притискаат младиот фудбалер да потпише нов договор.
23-годишниот Мбапе е во ПСЖ од 2017 година, откако му се приклучи од Монако на едногодишна позајмица. Парижаните во 2018 година го откупија договорот на фудбалерот за 145 милиони евра.
Актуелниот договор на Мбапе истекува на крајот на 2022 година, а според сите шпекулации тој следната сезона ќе го облече дресот на Реал (М).