Швеѓанката Сандра Неслунд го освои олимпиското злато во ски-крос во дисциплината слободно скијање на Олимписките игри во Пекинг. Неслунд е двократен светски шампион, носител на Малиот кристален глобус, но не успеа на Олимписките игри пред четири години во Пјонгчанг.
Овој пат, сепак, освои речиси се сезонава, а на Олимпијадата дојде и до посакуваното злато.