Францускиот Бордо го именува новиот тренер на екипата и наследник на Владимир Петковиќ кој си замина минатиот месец поради слабите резултати. Шесткраниот француски првак се најде во лоша ситуација сезонава, падна на дното (последен на табелата) и ќе води борба за опстанок место да мисли за излез на Европа.
Поради тоа Петковиќ беше тргнат (по дебаклот од Ремс со 5:0), еден меч на клупата седеше Холанѓанецот Џон вант Шип (пораз од Ленс со 3:2), а сега клубот го именува Давид Гијон до крајот на сезоната. Тој доби сериозна задача, да го обезбеди опстанокот во Лига 1.
Гијон нема позначајни успеси, бил прогласен за најдобар менаџер на Лига 2 во сезоната 2017/18 како предводник на Ремс. Работел како тренер на младите категории на оваа екипа, како и во Кан и Шамбери.