Дарио Ивановски е Олимписки стипендист за Париз 2024

354

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски и официјално е стипендист на Македонскиот Олимписки Комитет за следната Олимпијада која што ќе се одржи во Париз, Франција во 2024 година.

Оваа информација нашиот атлетичар ја сподели на социјалните мрежи, заблагодарувајќи се на МОК, на Атлетската Федерација на Македонија, како и на клубот Делта Клуб Маратон Скопје.

Ивановски потенцираше дека ќе направи се за да во следниот период ја оправда довербата, и потоа достојно ќе ја престави Македонија на најголемиот спортски настан.

 

ПретходноСо Србија дефинитивно на „Вождовац“, против Фарски на Арената
СледноЕ ова е кошаркарски тренер…. „бомбата“ од Texas A&M ја „запали“ цела Америка (ВИДЕО)