Кошаркарите на Денвер во дербито на вечерта го совладаа тимот на Голден Стејт на гости со 117:116 и со тоа дојдоа до третиот последователен триумф во НБА лигата. Тројката за победа на Денвер ја постигна Монте Морис во последната секунда од натпреварот, по асистенцијата на Никола Јокиќ.
Јокиќ забележа нов дабл-дабл учинок со 35 поени и 17 скока, а Брин Форбс постигна 22 поени.
Во домашниот тим најдобар беше Стивен Кари со 25 поени и шест асистенции.
Детроит го победи Бостон на гости со 112:111 и со тоа ја прекина серијата од осум последователни порази, додека Бруклин беше подобар од Њујорк со 111:106 на гости.
По седум последователни порази, тимот на Индијана дојде до победа на домашен терен, победувајќи го Вашингтон со 113:108, додека Лос Анџелес Лејкерс ја совладаа Јута на домашен терен со 106:101.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Орландо – Атланта 109-130
Бостон – Детроит 111-112
Индијана – Вашингтон 113-108
Њујорк – Бруклин 106-111
Чикаго – Сакраменто 125-118
Мемфис – Портланд 119-123
Минесота – Торонто 91-103
Оклахом а- Сан Антонио 106-114
Феникс – Хјустон 124-121
Голден Стејт – Денвер 116-117
ЛА Лејкерс – Јута 106-101