Тимот на Ливерпул вчера обезбеди клучна победа во елиминационата фаза од Лигата на Шампионите против тимот на Интер на гостински терен. Конечните 0:2, ги постави Салах во финишот на мечот, а во тие моменти Вирџил Ван Дајк, како да заборави дека е во дресот на Ливерпул, а не во дресот на неговата Холандија, па прославувајќи го прегрна Дензел Дамфриз, инаку дефанзивец на Интер. „Прославата“ траеше секунда, две, но доволно за да биде приметена.
Потоа секако следуваше лавина од исмевање на потегот на Ван Дијк, кому веројатно и не му е премногу грижа, затоа што неговиот Ливерпул со една нога е веќе во следната фаза.