Преставници на Европската одбојкарска конфедерација следниот месец доаѓаат во Скопје за да извршат генерална инспекција на објектите каде Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин-организатор на Европското првенство за јуниорки до 19 години.
Како што информираат од ОФМ, преставник на ЦЕВ треба да дојде во инспекција на салите на СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ на почетокот на март.
Македонија ќе биде организатор на ЕП за орбојкарки до 19 години оваа година во периодот од 27 август од 4 септември.