Елиф Елмас: Италија – Македонија? Шансите се 50-50!

946

Елиф Елмас е дијамантот на Наполи, дијамантот на мак- фудбалот. И вчера на велелепниот “Камп Ноу“ покажа што знае. Просто ја излуде одбраната на Барса, а посебно ќе го запамети Алба при голот на Зиелински кога Македонецот си поигра со славниот шпански бек.

Сепак фудбалска Македонија тагува зошто Елмас нема да игра во Палермо против Италија во првиот плеј – оф меч за пласман на СП во Катар 2022 година. И тоа поради жолти картони.

Но Елмас е оптимист во поглед на шансите на Македонија на тој меч, па така за италијанските медиуми тој за овој историски меч за нас го даде својот коментар:

Италија – Македонија? Сметам дека шансите се 50-50. Тоа е еден натпревар и името на противникот, неговата големина важи се додека не започне мечот. Потоа на теренот се 11 против 11. Значи Македонија има шанси, зошто да не? Ќе видиме што ќе се случи по последниот свиреж на судијата на 24 март во Палермо. Јасно е дека настап на СП во Катар е голема работа, ако ние ја минеме Италија тоа за нас би бил голем, голем резултат“ рече покрај другото Македонецот во дресот на Наполи.

Претходно„Црвено-црните“ гостуваат кај Нексе: Вардар бара реванш за поразот во Скопје
СледноПо ѕверската партија: Томовски го предводи „Дрим тимот“ во Лигата на шампиони (ВИДЕО)