Така е тоа. Рајо Ваљекано влезе во лузерска серија. Вечерва тимот на нашиот Столе Димитриевски беше поразен на гостувањето кај Елче со 2:1 во меч од 25 коло на Ла Лига.
Велиме така е тоа. Столе Димитриевски беше на клупата, шанса да брани доби Лука Зидан а Рајо одново е поразен. Лошата серија на овој тим е на сцена откако Столе не е толку на голот како што тоа беше во есенскиот дел.
Инаку Рајо поведе со голот на Фран Гарсија во 52.минута. Водството на гостите важеше до 77.минута кога Кариљо израмнува на 1:1. Потоа домашните, тимот на Елче тргна со сите сили по победа, а таа дојде во 84.минута преку Понс, на кого ова му беше деби пред домашната публика во тимот на Елче.