Александар Петровиќ, тренерот на ФМП не креше дека е задовочен од настапот на својата екипа, секако и од победата на Еуро Никел. Триумф кој неговите момци ги однесе во полуфинале и меч против ТФТ.
“Ние имавме контрола. Го исконтролиравме резултатот, мислам дека нивните високи играчи добро ги затворивме, и тука ја гледам нашата победа. Секако дека и нашите високи играчи изиграа на високо ниво. Тоа што беше договорено, тоа и беше испочитувано. За мечот со ТФТ што да се каже? Прво да преспиеме, да се оладиме, ова за нас е голема победа. Утре со мирна глава, со друга тактика. Очекувам добар и неизвесен меч и со малку среќа да победиме и да се пласираме во големото финале“ истакна Петровиќ.