Вардар од блесок до очај, поразен од Нексе и во Нашице

179

Едно поинакво издание на македонскиот првак на гостувањето во Нашице, за разлика од гостувањето кај Монпеље во Лигата на шампиони. Од блесок до очај. По вторпат во само седум дена Вардар е поразен од Нексе со 28-25 во меч од СЕХА-лига. На оваа средба не настапи ниту Тимур Дибиров, кој беше во составот, но не влезе во игра. Од претходно не отпатуваа Анте Гаџа и Борко Ристовски.

Моралес со седум гола беше прв стрелец, четири запиша Оливие Њокас, додека голманите заедно 10 одбрани (Томовски запиша осум, Гогов две). Јагањац и Вејн беа добитниот тандем на противникот, заедно реализираа 13 погодоци.

„Црвено-црните“ не влегоа во дуелот според очекувањата, домаќинот поведе со 6-3 во 11. минута, а потоа со 10-4 на средината на првиот дел. По последните 13-7 во 21. минута, Вардар со серија од 5-2 на полувремето намали на 15-12, Томовски одбрани седмерец.

Со два гола во низа Нексе на стартот на второто полувреме поведе со 17-12. Избраниците на Давид Дејвис беа далеку од посакуваното ниво, правеа почетнички грешки. Нексе одржуваше предност од четири гола (20-16) до 43. минута, конечно да другата страна домашниот состав имаше два нереализирани напади. Георгиевски, Моралес и Оливие Њокас доближија на 20-19, благодарение на добрата дефанзива, како и Томовски.

Хрватскиот состав не попушти, одново зголеми на плус три (23-20) на стартот на последните десет минути. И двата тима останаа со играч помалку. По последните 25-22, Вардар успеа да намали на 25-24, не искористи плус напад за израмнување претходно. На другата страна следеше казна, Нексе поведе со 27-24 на минута и пол до крајот, доволно за втора победа над македонскиот првак оваа сезона во регионалното натпреварување.

Својата шанса за прв триумф во СЕХА-лига, Вардар ќе ја бара на следните мечеви.

ПретходноФМП со триумф над Еуро Никел и пласман во полуфиналето
СледноГоран Самарџиев: Заслужена победа на ФМП!