Во Т.Пролет разочарани од пропуштената шанса, но подготвени за битка со Е.Пелистер

170

Со дуелот меѓу Т.Пролет и Е.Пелистер (18:30 часот) стартува 21. коло во Супер-лигата.  Актуелниот вицепрвак пристигна во Скопје веднаш по гостувањето против Ним во Лигата на Европа на ЕХФ, а фактот дека „пелистерци“ досега славеа на сите натпревари во Супер-лигата со исклучок на двомечот со Вардар (едно реми и еден пораз) доволно говори за квалитетот на тимот на тренерот Жељко Бабиќ.

Во таборот на Т. Пролет владее разочарување што добрата партија на гостувањето против Охрид не беше крунисана и со триумф над големиот ривал, но пресметката со актуелниот вицешампион е доволен мотив за да се покаже добра игра.

„Јасно е дека фаворитската улога е на страната на противникот, но ние немаме намера да се предадеме без борба. Одигравме квалитетен меч против Охрид, на повисоко ниво од претходните дуели, но за жал тоа не беше доволно за да се стигне до посакуваниот триумф. Без оглед на се, решени сме да ја доиграме Супер-лигата на највисоко ниво, а мечот со Еурофарм Пелистер е одлична можност за покажување на карактерот на нашиот тим“, истакнуваат од таборот на Тинекс Пролет.

ПретходноМанчестер Ј. се откажа од Погба, веќе бара негова замена
СледноКУП НА МАКЕДОНИЈА: ТФТ испиша историја, Пелистер пак остана со празни раце (ФОТО)