Тренерот на Еуро Никел, Горан Самарџиев не го криеше своето разочарување по поразот од ФМП во четвртфиналето во Купот на Македонија. Тој смета дека противникот заслуженио победил.
“Како прво честитки за екипата на ФМП која заслужено победи, секако им посакувам многу и среќа во понатамошното натпреварување. Ние одигравме слаб меч за нас, имено нашите очекувања беа многу поголеми. Да, имаме искусна екипа, но мора да биде реални. Имаме играчи кои екс репрезентативци кои се во подминати години и не можеме да очекуваме игра како што играле пред 10 или 15 години. Не бараме изговор. Ние не ги искористивме нашите високи играчи, а ФМП имаше повеќе желба, беа поагресивни“ изјави по мечот тренерот на Еуро Никел.