Григорис Аранасиу е името на грчкиот аматерски голман кој го привлече вниманието на целиот свет со своето остварување во четвртиот ранг на националното првенстви. Во победата на неговиот клуб Павлос Меласе над Аетос Василикон од 3:0, тој ги постигна сите три гола, сите ги реализираше од белата точка.
Двапати Атанасиу беше прецизен во првото полувреме и еднаш во второто. Ривалскиот голман никогаш не беше ни блиску до одбраната, 37-годишниот играч се покажа како одличен, ладнокрвен стрелец.
Англиските медиуми истакнуваат дека досега успеал само легендарниот парагвајски голман Хозе Луис Чилаверт, кој во 1999 година погоди три пати за аргентински Велез во победата од 6:1.
ХЕТ-ТРИКОТ НА ГРЧКИОТ ГОЛМАН МОЖЕТЕ ДА ГО ВИДИТЕ ТУКА.