Дервишевиќ: Влеговме опуштено, но се консолидиравме во продолжение

100

Во рамките на турнирот кој се игра денеска во организација на КФСМ, а со назнака Куп на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“, тимот на Феникс 2010 беше подобар од Работнички. Стратегот на Феникс, Денис Дервишевиќ изјави дека неговиот тим заслужено оди во полуфиналето иако, според него не го стартувале мечот на најдобар можем начин.

„Играчите влегоа малку опуштено во натпреварот, поради тоа имавме мали проблеми во првото полувреме. Во второто одиграа посериозно и како резултат на тоа дојде убедливата победа. Не сме размислувале за дуелот со МЗТ Скопје. Но ние сме дебитанти во ова натпреварување и нè чувствувавме никаков притисок. Имаме млада екипа, па ќе видиме што ќе се случи“ – изјави Дервишевиќ. 

 

ПретходноЕлисон на местото на Манасков во Веспрем
СледноЗлатевски: Ова е лекција за подобро утре