Димитријевиќ и Валенсија елиминирани во четвртфиналето во шпанскиот Куп

184

Ненад Димитријевиќ и Валенсија не успеаја да се пласираат во полуфиналето во Купот на Шпанија. Иако успеаја да се вратат од негатива од 19 поени, сепак по голема драма беа поразени од Мурсиа со 83-86.

Најдобриот македонски кошаркар постигна 13 поени (1/3 за три, 4/8 за два поени, 2/3 за еден поен), во игра мина нецели 15. минути.

По слабата игра во првото полувреме во кое тимот на македонскиот репрезентативец имаше негатива од 33-52, следеше вистински шок за противникот во продолжение. Со серија од 19-0 на стартот на третата четвртина, Валенсија се врати во мечот, поведе со 54-53.

Токму пред крајот на овој дел Димитријевиќ ги постигна првите поени на мечот за 59-57, потоа и за 61-59. Третиот период Валенсија го доби со неверојатни 31-9.

Дуелот влезе во неизвесна завршница. Валенсија на крилата на Нено, кој беше најрасположен во овој период држеше чекор, одржуваше скромна предност од еден поен. Противникот сепак во последните минути успеа да направи мини-серија и да дојде до триумфот.

ПретходноЧурлинов „тресе“ за Шалке, па се повреди!
СледноЛудост: Реал Мадрид му нуди на Мбапе 310 милиони евра!