Карим Адејеми кариерата ќе ја продолжи во Борусија Дортмунд. Имено за младиот репрезентативец на Германија и напаѓач на Ред Бул силно без заинтересирани гигантите Баерн Минхен и Барселона, но вечерва информациите велат дека тој веќе се договорил со Дортмунд.
Дали со ова „милионерите“ ја најдоа замената во нападот на Ерлинг Халанд останува да се види. Оваа информација ја “лансираше“ угледниот новинар Фабрицио Романо, кој пиша дека Адејеми и Дортмунд само детали ги делат од потпис.