Бјарки Мар Елисон ќе биде замената за Дејан Манасков во тимот на Веспрем. На Македонскиот интернационалец актуелниот договор му завршува летово, и истиот нема да биде продолжен, па медиумите на Исланд објавуваат дека како негова замена ќе биде ангажиран нивниот интернационалец, Бјарки Мар Елисон.
Манасков веќе подолго време се опоравува од повредата на коленото, и е во „аут“ уште од месец октомври минатата година.