Е.Пелистер го запиша 18 триумф оваа сезона, откако на гостувањето кај Т.Пролет славеше со 23-28 во рамките на 21. коло, кое е претпоследно рамките на Супер-лигата.
Костески запиша шест гола, по пет имаа Периќ и Велковски, кај домашниот состав Аларов беше стрелец на пет гола, додека Голубовиќ на четири.
Битолчани ја оправдаа улога на фаворит, поведоа со 0-4, домашниот состав со серија од 4-0 изедначи на 4-4, но гостите набрзина вратија за ново водство. По 12-13, со серија од 1-5 дојдоа до позитива од плус пет гола (13-18), која без проблем ја одржуваа до самиот крај.
За Т.Пролет поразот значи чекор назад во остварување на сонот – наречен пласман во плеј-офот, на другата страна Е.Пелистер овој дел го завршува според планираното.