Десеткратниот победник во Купот на Македонија и финалист од лани, годинава брзо го заврши настапот во ова натпреварување. Тоа не изненади никого, со оглед на се што се случува во Работнички, односно ситуацијата во која што се наоѓа во моментов овој клуб.
Предмалку Работнички загуби уште на стартот од куп турнирот, а младиот бек Виктор Златевски е свесен за она што се случува во моментов.
„Ова е лекција за подобро утре. Работнички се наоѓа во тешка ситуација, но се надевам дека ќе се смени и ќе оди на подобро. Донесовме две засилувања кои не успеавме да ги регистрираме за Купот, па верувам дека ќе ги имаме во следниот меч од првенството. Веројатно можевме да одиграме подобро денеска, но одлучи искуството кое секако е на нивна страна“, изјави Златевски.