ЗОИ 2022: Финска е прв финалист на машкиот хокеарски турнир

212

Хокеарите на Финска се пласираа во финалето на машкиот хокеарски турнир на Зимските Олимписки игри во Пекинг, откако ја совладаа селекцијата на Словачка со 2:0 (1:0, 0:0, 1:0) во првото полуфинале.

Финска поведе со голот на Сакари Манинен во првата третина и таа предност ја задржа до крајот, а во самиот финиш на натпреварот Хари Песонен го зголеми резултатот откако погоди празен гол.

Ова е трето финале за Финска во историјата на Зимските олимписки игри, а двапати досега беа поразени (1988 и 2006 година).

Подоцна денеска во второто полуфинале ќе се сретнат олимписките шампиони од Пјонгчанг, Русија и селекцијата на Шведска.

ПретходноКУП НА МАКЕДОНИЈА: Шест тима по историја во „Кале“!
СледноДвоен успех на Швајцарија во ски-крос