Куп на Македонија: Работнички издржа едно полувреме, Феникс испиша историја (ФОТО)

151

Третата четвртфинална пресметка во Купот на Македонија беше поентерски скромна, особено во првото полувреме, а како победник од оваа битка излезе Феникс, кој го совлада Работнички со 49-74 и испиша историја. За првпат ќе игра полуфинале во рамките на ова натпреварување, а таму го чека тешка задача, ќе игра против МЗТ Скопје.

Најтрофејниот кошаркарски не беше истиот како пред неполн месец кога дебитантот ги искористи бројните заминувања и дојде до убедлива победа. Овој пат „црвено-белите“ делуваа многу подобро, играа со голема самодоверба, иако во составот ниту за Купот на Македонија ги немаа најавените странски засилувања.

Андреј Митревски со 18 поени беше прв стрелец кај победникот, 14 имаше Морган. На другата страна Марковски запиша 13.

Дуелот беше решен во третата четвртина во која, Феникс го искористи падот на противникот и успеа да се дојде до пристојна резултатска предност за мирен финиш.

Избраниците на Игор Михајловски поведе со 9-4, предводени на Какруки и Марковски, по првата четвртина имаа водство од 13-11. Изедначена битка имаше и во следниот период, со тоа што Феникс го зголеми темпото, на одморот замина со водство од 28-30.

Третата четвртина не беше во знакот на Работнички, по поените на Данаиловски за 34-32 следеше серија од од 12-2 на Феникс за водство од 35-44. Во 27. минута со петте поени на Митревски, условно кажано гостинот поведе со највисоки 37-49.

Во овој период кошаркарите на Работнички имаа проблем со реализација, но и попусто искористени топки. Противникот период го доби со 11-23, во последната четвртина „црвено-белите“ влегоа со негатива од 39-53.

До крајот не се случи изненадување, дуелот течеше во корист на Феникс, кој тргна со серија од 10-2 за високи 41-63 и мирен финиш.

Во последната четвртфинална двојка, вечерва (19:30 часот) силите ќе ги одмерат Еуро Никел и Академија ФМП.

ПретходноРаботнички – Шкупи се игра без гостинска публика
СледноЕлисон на местото на Манасков во Веспрем