КУП НА МАКЕДОНИЈА: Шест тима по историја во „Кале“!

200

Со четвртфиналните двојки, денеска стартува продолжениот кошаркарски викенд во Скопје, кој ќе ги донесе имињата на победниците во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Зборното место е салата „Кале“, бранител на трофејот е МЗТ Скопје, кој има шанса да стане уникатен исто како и градскиот ривал, Работнички. И двата тима имаат по десет титули во Купот на Македонија. Со оглед на составот со кој располага тимот од „Градски парк“ во овој момент, шансите да стигне до трофејот се мали, на другата страна пак „сино-белите“ се фаворити и доколку дојдат до победа во финалето ќе имаат 11. титули во ова натпреварување.

Патот е тежок, особено ако се земе во предвид дека се игра само еден натпревар.

МЗТ Скопје во полуфиналето ќе игра против Гостивар, дуелот е закажан во 14:30 часот. И противникот има свои мотиви. Гостивар последен пат на Куп-трофејот се радувал во 2002 година, овој град живее за кошарката, а тоа добро го знаат играчите, кои ќе влезат максимално мотивирани против фаворитот.

Работнички пак игра против Феникс. Дебитантот оваа сезона го победи тимот од „Градски парк“, ова ќе биде прво Куп-искуство. Секој чекор напред ќе биде историја за клубот. Мечот се игра во 17 часот.

Први на теренот (12 часот) ќе истрчаат Пелистер и ТФТ, два тима кои го немаат подигнато пехарот, до сега битолчани се покажаа како фаворити во пресметките со тимот од Тафталиџе, дали ќе остане така ќе видиме на дело.

Последни силите ќе ги одмерат Академија ФМП и Еуро Никел, два тима кои ќе понудат одлична кошаркарска претстава. Кавадарци последен пат во Купот на Македонија има победник во 2010 година, додека „академците“ немаат ниту еден пехар, станува збор за тим од поновата кошаркарска историја.

МАЖИ – ДВОЈКИ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ

18. ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)

12.00: Пелистер – ТФТ (1)

14.30: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (2)

17.00: Работнички – Феникс 2010 (3)

19.30: Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП (4)

19. ФЕВРУАРИ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ – ЖЕНИ

12.00: Бадел 1862 – Струга 2009

14.30: Баскет Кам 2011 – Вардар

ПОЛУФИНАЛЕ – МАЖИ

17.00: Победник 1 – Победник 4

19.30: Победник 2 – Победник 3

20. ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)

17.00: ФИНАЛЕ – ЖЕНИ

19.30: ФИНАЛЕ – МАЖИ

ПретходноЕјлин Гу го освои и второто злато на Игрите во Пекинг
СледноЗОИ 2022: Финска е прв финалист на машкиот хокеарски турнир