Лудост: Реал Мадрид му нуди на Мбапе 310 милиони евра!

2878

Ова веќе преминува во лудост, во нешто што навистина нема врска со фудбалот и спортот. Имено по вчерашните информации дека ПСЖ му понудил на Килијан Мбапе неделна плата од 1 милион евра или 260 милиони за петгодишен договор, попладнево медиумите во Шпанија и Англија информираат, се разбира неофицијално, дека Реал Мадрид му понудил на веројатно најдобриот фудбалер во светот дури 1,2 милиони евра неделна плата или 312 милиони и тоа нето, за петгодишен договор.

Можеби ова се шпекулации, можеби некој ќе помисли дека „кралевите“ не можат да се носат со пребогатите шеици од Катар, но треба да се знае дека Флорентино Перез веќе две години нема “фрлено“ пари за мега – ѕвезда. Последен беше Еден Азар, токму затоа веројатно тој има пари за ваква мега -зделка.

Сепак сега е на потег ПСЖ, дали тој ќе ја зголеми понудата.

ПретходноДимитријевиќ и Валенсија елиминирани во четвртфиналето во шпанскиот Куп
СледноФМП со триумф над Еуро Никел и пласман во полуфиналето