Манчестер Ј. се откажа од Погба, веќе бара негова замена

285

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба скоро сигурно ќе ги напушти „црвените ѓаволи“ ова лето, пишува денеска „Манчестер Ивнинг Њуз“.

Според изворот, раководството на клубот од Манчестер не му понудило на играчот од средниот ред да го продолжи актуелниот договор, кој истекува ова лето. „Црвените ѓаволи“ се во потрага по нов играч што автоматски значи дека за Погба ова е последна сезона на „Олд Трафорд“.

28-годишниот Погба е во Манчестер Јунајтед од 2016 година, откако се пресели од Јувентус за 100 милиони евра. Оваа сезона, играчот од средниот ред постигна еден гол и имаше осум асистенции на 12 натпревари во Премиер лигата.

ПретходноНов „пех“ за Лејкерс: Повторно се повреди Ентони Дејвис
СледноВо Т.Пролет разочарани од пропуштената шанса, но подготвени за битка со Е.Пелистер