Мајнц со супер – финиш го урна Леверкузен!

88

Во меч од 23.коло во Бундес – лигата, домашниот Мајнц со 3:2 успеа да го совлада Леверкузен, и тоа на чудесен начин. Имено до 84.минута резултатот гласеше 1:2 за „апотекарите“ и тоа со головите на Шик и Аларио, голот за домашните го постигна Мартин.

И тогаш атаците на Мајнц вродија со плод. Прво Боетиус стрелаше за израмнување на резултатот од 2:2, за да Ингвартсен во 88.минути погоди за конечни 3:2. За победа на Мајнц и за големи три бода за домашната екипа.

ПретходноДортмунд го договори фантастичниот Адејеми!
СледноКикс на Јуве: “Биковите“ извадија бод во дербито на Торино!