Нов „пех“ за Лејкерс: Повторно се повреди Ентони Дејвис

108

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис, ќе отсуствува од терените најмалку четири недели поради повреда на стапалото. „Веѓата“ се повреди во победата над Јута Џез во средата, а прегледите утврдиле дека нема скршеница, но е неопходна пауза.

Дејвис, кој имаше проблеми со повреди во текот на кариерата, веќе пропушти 17 натпревари по ред оваа сезона поради повреда на коленото.

ПретходноКапитенската лента направи раздор: Мегваер не сака да му ја препушти лентата на Роналдо
СледноМанчестер Ј. се откажа од Погба, веќе бара негова замена